Трамп се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико следната недела

фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани денеска дека ќе ја затвори границата со Мексико следната недела.

Тој истакна дека ќе ја затвори целата граница или голем дел од неа, доколку Мексико не ја запре илегалната имиграција од регионот кон САД.

Трамп нагласи дека САД губат многу пари поради Мексико, доколку се има предвид шверцот на дрога.

Американскиот претседател ја даде денешната изјава по информациите дека се движи нов карван со мигранти од Централна Америка кон САД. Повеќето од мигрантите не се Мексиканци, но минуваат транзит преку Мексико.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор изјави вчера дека навистина постои таков проблем, но потенцира дека неговата земја не е одговорна за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот