Бизнисмен со српско потекло поставен на чело на државната банка на САД за поддршка на извозот
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го именува бизнисменот со српско потекло Јован „Џон“ Јовановиќ за директор на државната „Експорт-импорт банка“ (ЕКСИМ).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Горд сум што го номинирав Џон Јовановиќ за претседател и извршен директор на Експорт-импорт банка на САД (EXIM). Џон ќе го искористи своето долгогодишно искуство во финансиите, инвестициите и градењето бизнис во енергетските, стоковите и критичните инфраструктурни сектори, за повторно да ја направи Америка доминантна во енергијата и производството“, пишува во номинацијата на Трамп за Јовановиќ, поднесена во Конгресот неделава.
Според порталот на англиски јазик „Serbian Times“,
39-годишниот Јовановиќ израснал во Чикаго, каде од Србија се преселиле неговите родители, Нада и Среќко. Тој магистрирал бизнис на Факултетот Вартон на Универзитетот во Пенсилванија, но има и диплома по политички науки од престижниот универзитет Принстон. Во богатата професионална биографија на Јовановиќ пишува дека работел во „Дојче банк“ и во повеќе меѓународни корпорации.
ЕКСИМ-банката, основана во 1934 година од претседателот Френклин Д. Рузвелт, има задача да го поддржува извозот на американски стоки и услуги.


