Трамп: Полицијата убива повеќе белци отколку Афроамериканци

Смртта на Флојд доведе до протести низ САД и низ светот.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера го минимизира  обемот на полициско насилство врз Афроамериканците, изјавувајќи дека полицајците убиваат „повеќе белци”, пренесоа светските агенции.

Во интервју за Си-Би-Ес њуз Трамп беше запрашан зошто Афроамериканците продолжуваат да умираат во рацете на полицијата.

-И белците, исто така, и белците, исто така. Какво ужасно прашање. И белците. Повеќе белци. Повеќе белци”, одговори тој.

Полициското насилство врз Афроамериканците е во центарот на вниманието во САД откако на 25 мај почина Џорџ Флојд за време на апсењето во Минеаполис, откако полицаец му клекна со коленоот на вратот.

Смртта на Флојд доведе до протести низ САД и низ светот.

Според анализата на „Вашингтон пост”, половината од лицата кои се убиени од полициските сили навистина се белци, но смртта на Афроамериканците е непропорционална затоа што тие се помалку од 13 проценти во вкупното американското население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот