Трамп побара оставка од претседателот на ФЕД Џером Пауел
Американскиот претседател изјави дека Џером Пауел „најверојатно“ ќе го заврши својот мандат како шеф на американската централна банка (ФЕД), и покрај жестоките критики што Доналд Трамп ги упати против него поради одбивањето да ги намали каматните стапки.
Препорачано
Во интервју за мрежата „Њузмакс“, кое беше емитувано во петокот, Трамп нагласи дека ќе го отстрани Пауел без двоумење, посочувајќи дека каматните стапки на ФЕД се на претерано високо ниво, но додаде дека неговите советници веруваат дека таков потег би предизвикал „превирања на пазарот“.
„Тој ќе си замине за седум или осум месеци и ќе поставам некој друг“, рече Трамп, осврнувајќи се на мандатот на Пауел како шеф на ФЕД, кој завршува во мај 2026 година.
Во објава на платформата Трут Сошал, Доналд Трамп го повика Џером Пауел да поднесе оставка.
„Пауел треба да поднесе оставка, исто како што Адријана Куглер, која беше назначена од Бајден, поднесе оставка“, напиша американскиот претседател.
Претходно, Куглер поднесе оставка од својата позиција во одборот на ФЕД, давајќи му можност на Трамп да избере кандидат по свој избор.


