Трамп на насловна страна на Тајм

Трамп незадоволен од фотографијата на насловната страница на „Тајм“: „Ми исчезна косата“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го критикуваше списанието Тајм, нарекувајќи ја фотографијата што ја придружуваше статијата за потпишувањето на неговиот мировен план за Блискиот Исток „најлошата на сите времиња“.

„Списанието Тајм направи релативно добра сторија за мене, но сликата можеби е најлошата досега. Ми ја избришале косата, а потоа ставиле нешто што лебди над мојата глава што изгледа како круна, но многу мала. Колку чудно! Никогаш не ми се допаѓало кога ме фотографираат од низок агол, но оваа фотографија е навистина лоша и заслужуваат да бидат прозвани. Што прават и зошто“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

На насловната страница на списанието Тајм, откриена вчера со наслов „Неговиот триумф“, се наоѓа фотографија од Трамп снимена одоздола, на која претседателот гледа нагоре, навидум осветлен од силна сончева светлина, објави Индепендент.

Да потсетиме дека вчера Трамп беше на самитот за Газа, кој се одржа во египетската дестинација Шарм ел Шеик на Црвеното Море. Таму, тој потпиша документ за крајот на војната во Газа со претставници на Египет, Катар и Турција.

Трамп, кој беше критикуван и пофален за неговиот пристап кон дипломатијата на Блискиот Исток, има долга и комплицирана историја со списанието Тајм. Изданието честопати го прикажуваше на својата насловна страница, понекогаш неласкаво, но исто така двапати го именуваше за личност на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот