Трамп најави зголемување на глобалните царини од 10 на 15 отсто
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ќе воведе глобални тарифи од 15 отсто и продолжи да ја напаѓа одлуката на Врховниот суд со која се поништија неговите претходни увозни давачки, пренесуваат медиумите во светот.
Препорачано
Трамп вчера изјави дека ќе ги замени тарифите што ги укина судот со нов данок од 10 проценти за сите стоки што влегуваат во САД. Но, денес тој на неговата социјална мрежа „Тruth social“ објави дека оваа стапка сепак ќе се зголеми на 15 проценти.
Новите тарифи ќе почнат да важат од вторник, 24 февруари, и може да останат во сила околу пет месеци, по што администрацијата мора да побара одобрение од Конгресот.

Трамп во објавата ја критикуваше пресудата на судот и најави нови мерки.
„Врз основа на темелен, детален и целосен преглед на смешната, лошо напишана и екстремно неамериканска одлука за царина донесена вчера, по многу месеци размислување, од страна на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави, дозволете оваа изјава да послужи како потврда дека јас, како претседател на САД, ќе ја зголемам глобалната царина од 10 проценти на целосно дозволеното и правно проверливо ниво од 15 проценти. Ова ќе важи за земјите, од кои многу ги ‘ограбуваа’ САД со децении без никаква одмазда“, напиша Трамп.
Тој вели дека во текот на следните неколку месеци, администрацијата ќе донесува и спроведува нови, законски дозволени царини што ќе го продолжат „процесот на повторно правење на Америка голема – поголема од кога и да е.
Царината што претходно ја најави Трамп од 10 отсто рече дека ќе бидат „дополнителни на нормалните тарифи што САД веќе ги наплаќаат“.
По одлуката на Врховниот суд, Трамп најави нови царини – 10 отсто за целиот свет


