Трамп на интервју се скара со новинарот околу бројот на починати од коронавирусот (ВИДЕО)

„Не известувате коректно“, инсистираше американскиот претседател, кој ја застапува теоријата дека САД направија голем број тестови и затоа бројките за заразени се толку високи.

Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на едно телевизиско интервју неделава влезе во жолчна расправија со новинарот, жестоко оспорувајќи го мерењето на бројот на смртни случаи поврзани со пандемијата процентуално во однос на бројот на жители.

Размена на мислење следуваше како составен дел од напорите на американскиот претседател да се намали сериозноста на размерот на пандемијата во САД, иако и неговите здравствени експерти се повеќе предупредуваат за страшната зараза.

Трамп во интервју за порталот Акиос, кој го емитува ХБО, утврди дека САД всушност имаат „најмал“ број во светот во бројни категории, иако земјата забележа 150.000 смртни случаи, повеќе од било која друга нација досега.

Новинарот Џонатан Свон во повеќе наврати се обиде да го врати разговорот на тема „смртноста како процент во вкупната популација“ што според неговите зборови покажува дека САД се соочува со сериозни проблеми.

„Не можете да го правите тоа“, возвраќаше Трамп извлекувајќи листови со графикони во боја.

Претседателот првенствено сакаше да се фокусира на податоците за смртноста во однос на бројот на случаите на зараза, што помага да се избегне прашањето за тоа дека во САД има огромен број на инфекции.

„Не известувате коректно“, инсистираше американскиот претседател, кој ја застапува теоријата дека САД направија голем број тестови и затоа бројките за заразени се толку високи. Неговите експерти исто така ја оспоруваат оваа теза.

Земјата на почетокот на летото забележа пад на бројот на смртни случаи поврзани со ковид-19, но бројките повторно пораснаа. Последните недели секој ден се бележат над 1.000 смртни случаи дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот