Трамп: Јордан и Израел бараа да не ја повлекувам армијата

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сè уште сака сите американски трупи да се повлечат од Сирија, но оти Јордан и Израел побарале од него дел од единиците да остане во оваа блискоисточна земја.

Трамп пред новинарите во Белата куќа рече дека САД ќе смислат нешто со Курдите во источна Сирија за да се обезбеди пристап до приходите од сириската нафта.

Тој додаде и дека во тој дел од Сирија ќе испрати американска нафтена компанија за да помогне.

Трамп ја објасни својата одлука за повлекување на трупите од Сирија, наведувајќи дека САД никогаш не ветиле дека ќе ги штитат Курдите до крајот на животот и оти тој сака да ја врати дома американската војска.

– Морам да го направам она за што сум избран и морам да го сторам она што сметам дека е правилно –  рече Трамп.

Трамп минатата недела соопшти дека околу 1.000 војници стационирани во североисточна Сирија ќе се вратат дома, и оти во базата на југ ќе останат околу 200 лица.

Шефот на Пентагон, Марк Еспер, рече дека ја разгледува можноста еден дополнителен контингент војници да остане во источна Сирија со сириските Курди, со цел заедно да се борат со таканаречената Исламска држава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот