Трамп исвиркан додека оддаваше почит на судијката Рут Бадер Гинсбург (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ERIN SCOTT / POOL

Американскиот претседател, Доналд Трамп беше исвиркан додека оддаваше почит на неодамна починатата судијка Рут Бадер Гинсбург пред зградата на Врховниот суд во Вашингтон. Насобраните граѓани почнаа да викаат и скандираат во моментот кога се појави Трамп, пишува „Си-Ен-Ен“. Како што наведе медиумот, претседателот го слушна она што ретко го слуша и направи нешто што ретко прави – носеше заштитна маска и гледаше во луѓето кои негодуваа на неговото присуство.

„Си-Ен-Ен“, исто така, потсетува дека Трамп ретко се соочува со своите политички неистомисленици лице во лице, а ова не е првпат да биде исвиркан. Такво нешто доживеа и на бејзбол натпреварот во МЛБ лигата по што одлучи да присуствива само на оние спортски манифестации за кои ќе претпостави дека нема да му создадат такви непријатности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот