Трамп им се обрати на гувернерите: Или ќе доминирате или ќе изгледате како кретени

По бранот протести во саботата навечер поради смртта на Џорџ Флојд, во бројни градови е воведен полициски час.

Си Ен Ен јавува дека Трамп разговарал со гувернерите на 50-те држави на САД во телеконференциски повик кој е одржан од бункерот во Белата куќа.

„Морате да доминирате или ќе изгледате как куп кретени. Морате да ги уапсите луѓето“, им рекол во повикот од бункерот и додал дека во спротивно демонстрантите ќе ги прегазат, јави Си Ен Ен.

Им рекол дека и целиот свет им се смеел кога демонстрантите ја запалија полициската станица во Минеаполис.

Новинарот на Вашингтон Пост Робер Коста во контакт е со едно лице кое учестувувало во повиците.

Неговиот контакт му рекол дека претседателот барал да ја користат војската и Националната гарда во борба со демонстрантите.

По бранот протести во саботата навечер поради смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој поради бруталната полициска физичка сила почина во текот на приведувањето во Минеаполис, во бројни градови е воведен полициски час.

Така полициски час е воведен во Лос Анџелес, Чикаго, Детроит и Вашингтон, додека југозападната држава Аризона воведе цела седмица полициски час откако демонстрантите излегоа на улиците и се судрија со полицијата, која употреби солзавец и гумени куршуми.

Ограничувањето на мерките кое ќе погоди милиони луѓе стапи на сила истовремено со распоредувањето на над 5.000 припадници на Националната гарда, кои се активирани во 15 држави и во главниот град за да им бидат потпора на локалните сили на редот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот