Трамп го критикуваше Стармер: „Не ни требаат луѓе што се приклучуваат во војни откако веќе сме победиле“
Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер, коментирајќи го можното британско воено вклучување на Блискиот Исток, објави Би-би-си.
Препорачано
„Не ни требаат луѓе што се приклучуваат на војни откако веќе ќе победиме“, му напиша Трамп на Стармер на „Truth Social“.
Трамп изјави дека Обединетото Кралство, „некогаш голем и можеби најголем сојузник“, „конечно сериозно размислува“ да испрати два носачи на авиони во регионот, но во исто време јасно стави до знаење дека таквата помош повеќе не е потребна.

„Веќе не ни требаат“, напиша Трамп, додавајќи: „Ќе го запомниме тоа. Не ни требаат луѓе што се приклучуваат во војни откако веќе сме ги добиле“.
Неговата изјава доаѓа по извештаите дека британската морнарица брзо го подготвува носачот на авиони „HMS Prince of Wales“ за можна мисија на Блискиот Исток, откако претходно Стармер отфрли каква било вмешаност на Велика Британија во конфликтот, вклучително и американската употреба на британски воени бази. Според тие наводи, скратувањето на времето потребно за оперативна подготвеност би значело дека бродот би можел да реагира побрзо доколку се донесе одлука за негово распоредување.


