Илон Маск во кампањата на Трамп / Фото: Профимедија

Трамп ги „ослободи“ Венецуелците, Маск сега ќе им пушти и цел месец интернет беспари

Милијардерот Илон Маск ја изрази својата „поддршка за народот на Венецуела“, а неговата компанија „Старлинк“ објави дека ќе обезбеди бесплатен широкопојасен интернет во државата во следните 30 дена, пренесуваат медиумите.

Ова се случува откако вчера, во блиц-напад на американската војска, беше онеспособена одбраната на Венецуела, а претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга беа уапсени и одведени во САД за да им се суди.

Во објава на „Икс“, Маск напиша „Во поддршка на народот на Венецуела“ и објави порака од „Старлинк“ во која ја опишува иницијативата.

Компанијата наведува: „Старлинк им обезбедува бесплатна широкопојасна услуга на луѓето од Венецуела до 3 февруари, обезбедувајќи непрекината поврзаност“.

Во други објави, Маск му честиташе на американскиот претседател за успешната акција и го поздрави „доаѓањето на слободата“ за народот на Венецуела.

Врховниот суд на Венецуела вчера ѝ наложи на потпретседателката Делси Родригез да ги преземе овластувањата и должностите на претседателот, откако САД насилно го отстранија Мадуро.

Во наредбата на Судот, објавена доцна синоќа, се заклучува дека Мадуро е „материјално и привремено неспособен да ги извршува своите функции“.

Родригез ќе ги „преземе и ќе ги извршува, како вршител на должноста претседател, сите овластувања, должности и способности својствени за функцијата претседател на Боливарската Република Венецуела, со цел да се гарантира административен континуитет и сеопфатна одбрана на нацијата“.

Венецуелката Марија Корина Мачадо ја доби Нобеловата награда за мир за 2025 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот