Трајковски побара изземање на Јанева од „ТНТ” заради „Рекет”

Поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот „ТНТ” на Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште во Кривичен суд во Скопје за овој предмет побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е застапник на обвинението заради сомнеж за поврзаност со случајот „Рекет”.

Барањето го поднел поради сомнеж за поврзаност на специјалната обвинителката Јанева со Адриан Амзоски, овластеното лице на фирмата „Дрим билдинг” од Струга, кој бил и управител на фирмата ТД „Фине” што го градела објектот „Космос”. За него Општина Гази Баба поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство за градење спротивно на одобрението за градба, а ОЈО го процесуирала обвинителниот акт до Сосновниот суд Скопје 1. Јанева, пак, на нејзино барање го презела случајот и веднаш ја повлекла кривичната пријава, а по два месеца Амзоски донирал повеќе од 16 милиони денари на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

Прочитајте и...  Возило прегази пешак кој им подлегна на повредите

– Во фаза на закажување рочиште од страна на Основниот суд Скопје 1 по кривичната пријава, Јанева го презема случајот од колегите од Обвинителството и го повлекува тој обвинтелен акт без да достави докази. Се сомневаме за поврзаност на повлекувањето на пријавата со потпишувањето на договорот за соработка на „Дрим билдинг” со Меѓународниот сојуз по два месеца од повлекувањето на обвинителниот акт – изјави Трајковски.

Нагласи дека очекувал од морани причини Јанева сама да побара изземање од случајот ТНТ.

– Но, кога не го стори тоа, денеска официјално со писмен поднесок го направив јас, имајќи во предвид дека фирмата „Дрим билдинг” има потпишано договор со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски што го дознав од медиумите. Од документите што ги добив се гледа дека фирмата во 2017 година има остварено помалку вкупни приходи од сумата од преку 16 милиони денари што ја уплатила на Меѓународниот сојуз. Симптоматично е од каде се парите на фирмата и зошто потпишувањето на договорот следи само два месеца по повлекувањето на обвинителниот акт по започнатата кривична постапка во Основниот суд Скопје 1 против обвинетиот Амзоски – изјави Трајковски.

Прочитајте и...  По семејна расправија кичевец се обидел да го запали семејниот стан

Прецизира дека кривичната пријава против Амзоски лично ја повлекла специјалната обвинителка Јанева, што, додаде, е забележано во еден од извештаите на СЈО.

Бара да добие објаснување зошто Јанева ја повлекла кривичната пријава без да се изведат соодветни докази и да се изнајдат дополнителни аргументи, како и без соодветни изјави од било кој од учесниците во постапката, кои биле мотивите и дали постапувала законски.

Прочитај повеќе

По семејна расправија кичевец се обидел да го запали семејниот стан

Слободен печат

Верижен судир на пет возила во Битола

Слободен печат

АХВ откри измамник: Сопственик на фирма препакувал и продавал јачменова трева во прав „без глутен“

Слободен печат

Возило прегази пешак кој им подлегна на повредите

Слободен печат

Обвинителен акт против жител на Добри Дол за поседување оружје

Слободен печат

Наместо да седат во карантин излегувале и недолично се однесувале низ Охрид

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Среде пат оставено малолетно момче со прострелна рана на ногата

Слободен печат

Над 20 наставници од Драчево изготвувале лажни сведителства за основци

Слободен печат

Сообраќајка во Тетово, повредени шестгодишно дете и неговата мајка

Слободен печат

Повредениот во сообраќајката кај Дреново во добра здравствена состојба испишан од велешката болница

Слободен печат

Моника Ристеска: Татко ми ме претепа зашто бев да земам чипс од шкафчето во кујна

Мирослава Бурнс

Пожар во семејна куќа во Прилеп

Слободен печат