Трајковски од клупата го гледаше Реал и чудесниот Рамос! (ВИДЕО)

Реал Мадрид повторно е лидер во најсилното шпанско првенство откако на стадионот „Алфредо ди Стефано“ со 2:0 беше подобар од Мајорка.

Кај гостите иако на клупата за резервни играчи беше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, не доби шанса за настап од тренерот Висенте Морено.

Во 19 минута „кралскиот“ клуб дојде во водство преку Жуниор Винисиус после асистенцијата на Модриќ. Претходно бурно реагираа фудбалерите на Мајорка до главниот судија да провери ВАР снимка поради фаулот на Дани Карвахал, но ништо не беше досудено.

Трите важни бода ги потврди Рамос со фантастичен слободен удар во 56 минута, немоќен беше голманот Реина. Со овој погодок капитенот на мадридскиот гигант кога се во прашање дефанзивците ја надмина легендата на Барселона, Роналд Куман.

На седум кола до крајот на сезоната во „Ла Лига“ води Реал со 68 бодови, колку што има и Барса на втората позиција, но играчите на Зинедин Зидан имаат подобар меѓусебен скор. Во следната лигашка рунда Барса на гости ќе ги одмери силите против Селта Виго на 27 јуни, а еден ден подоцна Реал Мадрид ќе му гостува на Еспањол.

Мајорка ќе води борба за опстанок, моментно е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со 26 бодови, три помалку зад „безбедниот“ Еибар кој својот дуел од оваа рунда ќе го има в четврток дома против Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот