Трајковски: Јасно е дека Русите ќе притиснат, но Македонија оди на победа!

Фото: kfsm.mk

Бојан Трајковски беше еден од четворицата играчи во нашата селекција кои премиерниот меч од квалификациите за Европското првенство 2022 во Перм го завршија со двоцифрен број на поени.

И еден од играчите на кои се ослонуваше нашата игра против фаворизираниот противник кој се покажа како подобар „финишер“ и на крајот нè остави без успех.

Време за одмор нема, следува уште еден голем предизвик. Македонија денеска од 15.30 часот во Арената „Молот“ ќе игра против домаќинот на турнирот – селекцијата на Русија.

– Нема да менуваме ништо. Она што го одигравме вчера вечер со Италија, ќе го играме и против Русија. Одиме на победа против домаќинот. Одиме да си покажеме на самите себе дека можеме да играме со големите репрезентации. Штета е што добрата игра со Италија не ја наградивме со победа. Но, што е тука е, на крајот на денот излеговме со кренати глави по тој натпревар, кој ни даде некои насоки каде би можеле да ја унапредиме нашата игра – рече Трајковски.

Нашиот репрезентативец вели дека ниту еден меч не е ист, па таков нема да биде ниту денешниот против Русите..

– Сепак домаќини се, имаат „потреба“ од уште една победа, и јасно е дека ќе притиснат, во желба да го осигураат пласманот на ЕП. Можеби со „побавен напад, но имаат доста висока постава која ќе ни прави проблеми во нападот. Се надевам дека ќе бидеме уште подобри на овој меч, и дека не сме без шанси за успех – дополнува силното крило.

Квалификации ЕП: Македонските кошаркари поразени од Италија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот