Трајковска: Поразително е што дел од граѓаните сакаат да гледаат во дневната на комшијата

Директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајковска, во изјава за „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ посочи дека шокантно е тоа колку сме го намалиле значењето на јавниот интерес во секојдневниот живот и дека воопшто не се залагаме за заедничкото добро.

– За жал, шокантна е информацијата и не можам да верувам дека толку сме го намалиле значењето на јавниот интерес во нашиот секојдневен живот, дека воопшто не се залагаме за заедничкото добро, бидејќи воздухот го дишеме сите. Гледаме низ призма на личното, за некакви лични интереси кои нема да ви се исплатат бидејќи ќе го изгубите сопственото здравје. Шокантно е и кога ќе прочитате дека повозрасни граѓани биле на јавна презентација за измена на ДУП на оној дел од Влада до Градски парк и дека барале споени згради, каде се видело во центар да има зеленило. Тоа е шокантно и дури можам да кажам дека е нецивилизациски. Но, после неколку часа перспектива ќе подразмислите и ќе мора да признаете дека тоа е пораз за сите нас. Оваа свест не е само за екологија. Воопшто не им е важно каков ќе биде нивниот секојдневен живот. Дел од граѓаните немаат проблем да гледаат во дневната на комшијата – Трајковска во врска со барањето на дел од граѓаните – „Не сакаме зеленило сакаме станови“ и измените на ДУП-от во општина Центар кај Градскиот парк и прекршочниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот