Трагична смрт на уште еден обожавател на Тејлор Свифт: Избоден до смрт на најпознатата плажа на светот

Тејлор Свифт/Габриел Сантос/ Фото: Shanna Madison /Zuma Press /Profimedia /Инстаграм

Уште еден обожавател на американската пејачка Тејлор Свифт почина во Рио де Жанеиро, Бразил.

Момчето по име Габриел Миљоме Сантос бил избоден до смрт на плажата Копакабана, неколку часа откако присуствувал на настапот на музичката ѕвезда на Олимпискиот стадион „Нилтон Сантос“.

Габриел имал 25 години, на раката носел нараквица „Свифтис“ (Swifities), како голем обожавател на Тејлор Свифт. Како што пишува „Дејли мејл“, трагедијата се случила вчера, во раните утрински часови.

Ова е втора трагедија во Рио, во која загинаа обожаватели на Тејлор Свифт. Пред концертот во петокот, 23-годишната девојка Ана Клара Беневидес почина од срцев удар.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Семејството на Габриел Миљоме Сантос соопшти дека погребот ќе биде организиран утре, во родниот град на убиеното момче во западната бразилска држава Мато Гросо до Сул.

Жртвата на оваа трагедија ќе биде погребана во специјалната облека што ја избрала за концертот на омилената ѕвезда, соопштија од семејството.

Рио де Жанеиро се соочува со невиден топлотен бран – на обожавателите наводно не им било дозволено да внесуваат вода на концертот, се појави снимка на која Тејлор Свифт бара од обезбедувањето да ѝ даде вода на публиката и видео на кое таа фрла шишиња со вода кон обожавателите.

Тејлор Свифт најави одложување на својата турнеја по трагедијата во петокот, но продолжи со серијата концерти, пишува „Пипл“.

Трагедија на концерт на Тејлор Свифт: Почина 23-годишна обожавателка на поп-ѕвездата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот