Трагедија на концерт на Тејлор Свифт: Почина 23-годишна обожавателка на поп-ѕвездата

Фото: Shanna Madison / Zuma Press / Profimedia

Ана Клара Беневидес, 23-годишна обожавателка на Тејлор Свифт, почина синоќа од срцев удар додека го чекала почетокот на концертот во Рио де Жанеиро.

Лекарите, кои бргу пристигнале на местото на настанот, се обиделе да ја оживеат младата обожавателка. Беневидес била пренесена во градската болница Салгадо Фиљо, но набргу потоа починала.

За време на концертот, Свифт го молела персоналот на стадионот да им даде вода на посетителите на концертот, а некои медиуми тврдат дека на обожавателите им било забрането да внесуваат шишиња со вода на концертот.

Во меѓувреме, и самата Свифт се огласи на својот инстаграм-профил.

„Не можам да поверувам дека го пишувам ова, но со скршено срце ве известувам дека изгубивме моја обожавателка вечерва, пред почетокот на концертот. Не можам да ви опишам колку сум скршена. Немам многу информации, освен што знам дека беше многу убава и многу млада.

Нема да можам да зборувам за ова на сцената бидејќи ме обзема тага само што ќе се обидам да зборувам за тоа.

Сакам да ви кажам дека многу ме погоди оваа загуба и дека моите мисли се со семејството и пријателите на починатата обожавателка.

Ова е последното нешто што мислев дека може да се случи кога планирав да настапам во Бразил“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот