Трагедија: Мотоциклистка загина на патеката „Аиртон Сена“!

фото: твитер

Муњоз настапуваше во класата 600 кубни сантиметри, кобниот момент се случи при пад во свиок, а смртта настапи како последица на тешките повреди на главата.

На патеката „Аиртон Сена“, доминиканската мотоциклистка Индијана Муњоз (29) загина во текот на трката (без публика) „Гојас СуперБајк“ во бразилскиот град Гојанија.

Муњоз настапуваше во класата 600 кубни сантиметри, кобниот момент се случи при пад во свиок, а смртта настапи како последица на тешките повреди на главата.

Беше една од најпознатите бразилски мотоциклистки, а беше и инструктор за јавање. Родена во Доминиканската Република, но кариерата ја разви во Бразил каде што имаше големи успеси.

Две години по ред беше шампион на Бразил во 2013 и 2014, а во 2016 година триумфираше на трката „100 милји Интерлагос”.

Воедно освои три титули во „Кавасаки Нинџа 300″ и во „Јамаха Р3 Купот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот