Тотенхем не го пушта Кејн во Баерн ни за 110 милиони евра

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Првите луѓе на Тотенхем и Баерн никако да постигнат договор околу трансферот на Хари Кејн во редовите на баварскиот гигант. Англискиот репрезентативец има договор со Тотенхем до 30 јуни следната година, не сака да го продолжи, па логично е сега да ја смени средината.

Пред еден месец се чинеше дека Баерн е неговиот нов клуб, но газдата на премиерлигашот Леви ги одбива понудите на Баерн, барајќи само нешто повисоки од нив. Не се знае дали Баерн повеќе има трпение за него. Не е невозможно да се сврти кон други решенија, иако Кејн изрази голема желба да го облече дресот на германскиот шампион.

Леви по којзнае кој пат се покажа како тежок преговарач. Долго време Тотенхем бараше 100 милиони евра за својот ас, па кога го добија ја зголемија сумата на 105 милиони. Тоа го прифати и Баерн, а потоа цената се зголеми на 110 милиони. Сосема е чудно што клубот од Минхен го прифати овој нов „рингишпил“ на Тотенхем, па се согласи на трансфер за 110 милиони, но клубот од Лондон сега бара 115 милиони евра.

Ситуацијата околу Кејн ја следат и ПСЖ и Манчестер јунајтед, а многу е можно Леви со упорното одбивање да го „принуди“ Баерн да испрати понуда од 125 милиони која најверојатно би била прифатена.

Искусниот напаѓач постигна рекордни 280 голови во 435 настапот за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 голови во 84 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот