Тошевски дебитираше во Русија против Зенит (ВИДЕО)

фото; фејсбук

Младиот 19-годишен македонски фудбалер го имаше првиот настап за екипата на Ростов со која потпиша ова лето.

Давид Тошевски (дрес бр. 9 во новиот клуб) го имаше дебито на денешниот дуел од второто коло во најсилното руско фудбалско првенство против гигантот Зенит.

На крајот Зенит славеше со 0:2 благодарение на головите на Азмун во 24 и Ловрен во 87 минута од средбата.

При негатива од 0:1, во 84 минута во игра влезе Тошевски како замена за Шомуродов.

На табелата после првите две кола со максимален учинок од шест бода на делба на првото место се Зенит, ЦСКА Москва и Локомотив Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот