Топлотниот бран во Северна Америка однесе 100 животи, измерени рекордни 46 степени

Повеќе од 100 смртни случаи во северозападна Северна Америка се поврзани со топлотниот бран, соопштија денеска официјални лица од американските држави Орегон и Вашингтон, како и канадска Британска Колумбија.

Официјални лица од Орегон соопштија дека најмалку 63 лица во таа држава починале поради екстремно високите температури.

Портланд и Сиетл забележаа рекордно високи температури од дури 46 степени Целзиусови.

Во Ванкувер, Канада, полицијата соопшти дека од петокот биле регистрирани најмалку 65 ненадејни смртни случаи. Властите предупредуваат дека бројот на мртви може да биде уште поголем, објави Гласот на Америка.

Највисоката температура некогаш измерена во Канада од 47,9 степени Целзиусови е регистрирана во градот Лејтон, Британска Колумбија.

Метеоролошката организација на ОН соопшти дека екстремната топлина е предизвикана од „атмосферската блокада“ и дека температурите оваа недела веројатно ќе бидат највисоки на крајбрежјето, а потоа ќе се преселат во внатрешноста на Британска Колумбија и подоцна на исток кон Алберта.

Екстремните температури го зголемија и стравот од пожари, а американскиот претседател Џозеф Бајден вети дека сушните области ќе добијат поголема помош од сојузната влада поради опасност од пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот