„Топчиите“ згрмеа во Франкфурт (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

„Топчиите“ згрмеа во Франкфурт (ВИДЕО)

Дерби натпреварот во првото коло во Лигата на Европа му припадна на Арсенал.

Екипата на Арсенал со високи 3:0 славеше на гостувањето кај Ајнтрахт во дерби натпреварот од првото коло во Лигата на Европа.

Вилкок во 38. минута ги донесе „топчиите“ во водство, а победата ја обезбедија во самиот финиш. Прво, Сака во 85., а потоа и Обамејанг во 88. минута го постави конечниот резултат. Најголемото изненадување во дневните натпревари од Лигата на Европа го направи екипата на Дуделанж која со 3:4 славеше на гостувањето кај АПОЕЛ Никозија.


РЕЗУЛТАТИ: АПОЕЛ – Дуделанж 3:4, Базел – Краснодар 5:0, Клуж – Лацио 2:1, Динамо Киев – Малме 1:0, Ајнтрахт – Арсенал 0:3, Копенхаген – Лугано 1:0, Хетафе – Трабзонспор 1:0, ЛАСК Линц – Розенборг 1:0, ПСВ – Спортинг Лисабон 3:2, Карабах – Севилја 0:3, Рен – Селтик 1:1, Стандард Лиеж – Гимараеш 2:0.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close