Тони Кукоч „избришан“ од шампионскиот тим на Чикаго

Легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч е „избришан“ од историјата на Чикаго булс во документарниот филм „Последниот танц“ кој е посветен на последната шампионска сезона.

Кукоч кој има важна ролја во тимот кој три години по ред ја освојуваше титулата во НБА лигата не се најде на фотографијата која е искористена за потребите на документарниот филм „Последниот танц“.

твитер

На оригиналната фотографија се наоѓаат Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Денис Родман, Рон Харпер и Тони Кукоч. Но, на фотографијата која се користи за докуметарниот филм, на местото на Харпер е тогашниот тренер Џексон, додека на местото на Кукоч е актуелниот тренер на Голден Стејт вориорс, Стив Кер.

И мене ми е срам бидејќи следам се за филмот. Насекаде сме јас, Мајкл Џордан, Денис Родман, Скоти Пипен и Фил Џексон. Разбирам дека сум тука бидејќи сега ме препознаваат како тренер на Голден Стејт, но не можам да бидам во предност пред Харпер или Кукоч. Можеби на младите не им значат тие имиња бидејќи сè се случуваше пред 22 години, но Кукоч едноставно мораше да биде тука – изјави Кер.

Со своја реакција се јави и Кукоч на кого не му се допаднаа првите две епизоди од документарниот филм „Последниот танц“.

Се надевам дека останатите епизоди ќе видат поведри и повеќе ќе ја слават кошарката отколку да се поставува прашањето кој е крив зашто не се освоиле осум или десет титули. Светот беше среќен додека тоа се случуваше, не знам зашто сега сите се лутат – изјави Кукоч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот