Томовски: Китанов како претседател на одборот на директори на Телеком за еден мандат зема 300.000 евра

Аферата „Паразити” метастазира во Телеком, каде државата има сопственост. Илјадници евра месечно земаат функционерите во Телеком именувани од Владата. По Никола Љушев кој зема 560.000 евра за еден мандат, односно месечно 11.500 евра, одиме со анализа на останатите членови на Одборот на директори, рече на прес конференција Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Китанов од Струмица, поранешен директор на ЈП Државни патишта во време на Заев, како претседател на Одборот на директори на Телеком именуван од Владата на СДС зема месечна плата од над 6.200 евра. Китанов за еден мандат ќе наплати 300.000 евра. Китанов беше еден од најблиските соработници на Заев и Ковачевски, како директор на ЈП Државни патишта нема направено ниту еден проект, а јавноста ќе го памети само по чочекот во тунелот на автопатот Демир Капија – Смоквица кој го изгради Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека Китанов само го изигра првиот чочек.Исто како во Државни патишта, така и во Телеком, Китанов нема никаков придонес. Зошто зема плата од 300.000 евра за еден мандат Китанов и кој е неговиот придонес за државата – праша Томовски.

Тој додаде дека заменик претседател на Одборот на директори е Садула Дураку од ДУИ. Дураку за еден месец зема 1.500 евра плата, што за една година е 18.000 евра. Тој за еден свој мандат ќе наплати речиси 80.000 евра.

-Плата од 1.000 евра зема и Шкодране Дардишта од ДУИ која за еден мандат во Телеком, како неизвршен член на Одборот на директори ќе наплати безмалку 50.000 евра. Дардишта е политичар од ДУИ која се закануваше со војна, и ги подгреваше тензиите во општеството пред нецела година. На линија на паразитите од Телеком е и Васко Ковачевски од ЕЛЕМ и Орхан Муртезани од МЕПСО кои месечно земаат и по 1.700 евра, односно за една година над 20.000 евра, што за еден мандат се 80.000 евра. Ова се функционери, од кои јавноста не видела никаков бенефит. Тие се паразитите во ова општество – вели Томовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот