Тинејџерка со рак во терминална фаза го моли Хари Стајлс: Бакни ме, прв и последен пат

Фото: Фејсбук/Идн Луис/EPA-EFE/ANDY RAIN

Мајката на Идн Луис (17) минатата година и приредила матурска забава на својата ќерка која боледува од најтешкиот облик на рак на коските. Лекарите ѝ прогнозираат на тинејџерката уште неколку месеци живот, а нејзината мајка дава сѐ од себе времето што ѝ останало да го помине на најубав можен начин.


На почетокот на јуни 2022 година, лекарите го информирале семејството Луис дека ракот на нивната ќерка почнал агресивно да расте. По прегледот од страна на специјалисти, за жал, била потврдена најлошата вест, на Идн не ѝ останало уште многу време.

„Мислевме дека болките што се појавија за време на карантинот поради пандемијата се резултат на прекумерно мирување, бидејќи Идн не беше активна како и обично. По прегледот и конечната дијагноза, мене како мајка не ми преостануваше многу да направам“, изјавила Тес Луис за „Дејли рекорд“ минатата година.

Еден, колку што било во нејзина моќ, одела на училиште и била со другарките, но бидејќи била слаба и не можела да се движи, нејзината мајка организирала матурска забава за нејзината ќерка и ги замолила пријателите од училиштето да ѝ помогнат.

А Идн неодамна соопшти уште една нејзина желба. Таа неодамна на Фејсбук објави дека ќе биде на концертот на британската ѕвезда Хари Стајлс во Кардиф на 21 јуни и го замоли да ѝ ја исполни желбата. Хари Стајлс во моментот е на турнеја со неговиот последен албум „Harry’s House“.

„Првиот и последен бакнеж. Имам 17 години и имам рак во терминална фаза. Ова би бил мојот прв бакнеж и можеби мојата последна прегратка. Твоја голема обожавателка која умира“, напишала Идн.

Набргу откако таа го објавила ова на Фејсбук, обожавателите направи сѐ Хари да ја види пораката, но тој сè уште не ѝ одговорил.

Хари Стајлс ги скара најдобрите другарки: Емили Ратајковски ја моли Оливија Вајлд за прошка

65. издание на наградите Греми: Хари Стајлс, Сем Смит и Бијонсе ја одбележаа вечерта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот