Тинејџер со „бмв“ излетал од патот Кочани-Пониква, четири лица повредени

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Едно лице е тешко повредено а тројца се здобиле со полесни повреди откако ноќеска „бмв“ кој бил управуван од тинејџер излетало од патот Кочани-Пониква.

„Денеска (11.01.2024) во 00.57 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани- Пониква патничко моторно возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано Н.И.(19) од с.Карбинци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците И.М.(21) од с.Карбинци, М.К.(18) и А.Ј.(20), двете од Штип, констатирани во Општата болница Кочани“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот