Тилев: Да донесеме умна одлука за францускиот предлог – да се слушне народот, но и нашите стратешки партнери

Драган Тилев

Државниот советник за европски политики, Драган Тилев, вели дека Протоколот со Бугарија има своја траекторија со билатерална релација и се потпира на елементите договорени со Договорот за добрососедство.

-Господинот Шолц, но не и само тој, се изјаснија со поддршка. Имавме повеќе изјави од сите наши стратешки и евроатлантски партнери, за кои што сметам дека треба да бидат слушнати, но и да биде слушнат гласот на македонскиот народ. Политичка е одлуката на крајот, но треба да биде избалансиран гласот на народот и гласот на нашите евроатлантски партнери, за да се донесе умна одлука, вели Тилев околу конечната одлука за прифаќање или неприфаќање на францускиот предлог, односно рамката за преговори на Македонија со ЕУ.

Според него, процесот на проширување на ЕУ е комплексен и вклучува многу елементи.

-Во однос на нас и другите што ќе преговараат со ЕУ, за нив има поинакви елементи кои што се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација, кои произлегуваат од билатералните релации со одредени земји-членки на ЕУ, рече Тилев во вестите на Тв Сител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот