Тихановскаја: Лукашенко веќе нема легитимитет да биде претседател на Белорусија

светлана Тихановскаја EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Демократски избраната белоруска Влада нема да смета дека е валиден ниту еден иден меѓународен договор склучен од белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави лидерката на опозицијата Свјатлана Тихановскаја во своето обраќање од егзил во Литванија.

-Државите или (договорните) страни … не можат и не треба да очекуваат Белорусите и нивната чесно и демократски избрана влада да прифатат договори направени против нивна волја од нелегалниот режим, рече Тихановскаја во видео обраќање.

„Лукашенко нема легитимитет да биде претседател на нашата земја. Тој повеќе не ја претставува Белорусија”, рече таа пред комитетот на Советот на Европа во обраќањето од Вилнус, Литванија, каде се наоѓа откако ден по изборите ја напушти татковината поради закани за сопствениот живот.

Литванскиот министер за надворешни работи вчера изрази загриженост дека Лукашенко може да се откаже од независноста на Белорусија со потпишување договор за посилна интеграција со Русија.

Лукашенко се соочува со масовни протести и повик за повлекување по изборите што Европската унија ги нарече нефер. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот