Тихановскаја им порача на работниците да го продолжат и прошират штрајкот

Фото: EPA-EFE/STR

Главниот ривал на белорускиот претседател Александар Лукашенко на неодамнешните претседателски избори во земјата, Светлана Тијановска денеска ги повика работниците да продолжат и да го прошират штрајкот.

Во најновото видео, снимено во Литванија, каде се наоѓа откако пребега од земјата, таа на работниците од фабриката „Трактор” и на другите компании им порача да го продолжат штрајкот, наведувајќи дека иднината на децата зависи од нивното единство и посветеност, пренесува Тасс.

-Ве повикувам да продолжите и да го проширите штрајкот. Не плашете се, обединете се, вели таа, додавајќи дека штрајкот е легален и ефикасен метод за борба.

Како една од целите на штрајкот, таа ја повтори потребата да се стави крај на насилството, ослободување на политички затвореници и организирање транспарентни и слободни избори.

На претседателските избори што се одржаа во Белорусија на 9 август, Лукашенко победи со околу 80 проценти од гласовите, додека Тијановска, која освои 10 отсто од гласовите, еден ден по изборите побегна во Литванија, наводно поради опасност по животот. с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот