Ти Џеј Шортс со „дабл-дабл“ во Литванија, Париз на врвот во Еврокупот

Ти Џеј Шортс („Париз“)/фото: instagram.com/parisbasketball

Денеска во својот 10 натпревар сезонава во Еврокупот кошаркарите на Париз на гости го совладаа литванскиот Вулвс со 79:110.

Нова одлична партија во дресот на францускиот клуб имаше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој беше прв стрелец.

Нашиот плејмејкер за нешто над 26 минути на паркетот постигна 24 поени, а воедно запиша 11 асистенции.

Париз се наоѓа на првото место на табелата (9-1), пред второпласираниот Лондон Лајонс од Англија (8-2).

Во следното коло тимот на Шортс на домашен терен на 12 декември ќе ја пречека италијанската Венеција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот