„The Weeknd“ остана без номинација за Греми наградите: „Корумпирани сте!“

Instagram
Фото: Принтскрин - Инстаграм

На музичарот не му е сеедно поради наградите кои сигурно нема да ги добие….  Популарниот „r&b“ музичар Бел Тесфаје (30) познат по уметничкото име „The Weeknd“, оваа година не се најде меѓу номинираните за Греми наградите што очигледно го налути.

Тој со бес се пожали на социјалната мрежа Твитер и ги повика организаторите на овој проект, што предизвика големо внимание во јавноста.

„Греми и понатака се корумпирани. Ми должите на мене, на моите обожаватели и на транспарентноста во индустријата“, напиша музичарот.

Музичарот е револтиран бидејќи останал без номинација и покрај неговиот нов албум „After Hours“, кој ја содржи и песната „Blinding Lights“, со која се искачи на врвот на музичките топ листи ширум светот. 

Додека едни се согласија со него, други го критикуваа поради потегот сметајќи дека е претеран.

Инаку, цремонијата за доделување на Греми наградите е предвидена за 31 јануари, но поради епидемијата на коронавирусот засега не се знае дали ќе биде онлајн или номинираните физички ќе бидат присутни.

Да се потсетиме „The Weeknd“ пред неколку дена, на 23-ти ноември, се појави на доделувањето на „American Music Awards” со завои на лицето, со што испрати силна порака до сите. Mузичарот доби „AMA“ награда за омилен соул-рнб албум на годината.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот