ТФТ организатор на квалификациска група од Лигата на шампиони

ТФТ е освојувач на македонскиот кошаркарски Куп/фото: КФСМ

Единствениот кошаркарски претставник на Македонија во седмото издание на ФИБА Лига на шампиони со посебна задача…

ТФТ од Скопје ја доби довербата на ФИБА да биде организатор на квалификациска група во рамки на Лигата на Шампиони за сезона 2022/2023.

Освојувачот на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ за 2022 година ќе ги нагости екипите на Лестер Рајдерс од Велика Британија, ЦСО Волунтари од Романија и Најнерс Кемниц од Германија против кого и ќе си ги одмери силите во првото квалификациско коло.

Натпреварите од квалификациската група ќе бидат одиграни во Скопје, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а квалификациската рунда ќе започне на 21 септември 2022 година.

Во квалификациите за Лигата на шампионите се сместени 24 екипи од Стариот континент, поделени во четири групи.

Победниците од сите четири групи ќе се квалификуваат за настап во регуларниот дел од сезоната, предвиден да започне на 3 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот