Тетово прогласи ден на жалост поради смртта на пејачот Касапи
Општина Тетово го прогласи денешниот ден за ден на жалост, поради смртта на поп-пејачот Шпат Касапи, кој почина на 26 ноември на 40-годишна возраст.
Препорачано
– Општина Тетово информира дека на вонредна седница, одржана преку видео-конференциска врска, Советот донел одлука со која понеделник, 1 декември 2025 година, се прогласува за Ден на жалост на целата територија на општината – се наведува во соопштението.
Почина поп-пејачот Шпат Касапи: Албанската сцена во жалост по ненадејната смрт на музичката ѕвезда
Во одлуката на Советот се потенцира значајниот придонес на починатиот: „Шпат Касапи даде значаен придонес во развојот на културата и музиката во општина Тетово, во Република Северна Македонија и на албанската музичка сцена.“
За време на Денот на жалост, се препорачува јавните установи, правните лица и граѓаните да се воздржат од организирање на свечености, забавни и музички настани.
Пејачот Шпат Касапи беше погребан вчера, 30 ноември, на гробиштата на Исламската верска заедница во Тетово.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
5час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


