Тетовка среде бел ден натепана од сопругот пред угостителски објект

Дваесет и четири годишна тетовка пријавила семејно насилство од сопругот што се случило на јавен простор пред угостителски објект. Таа пријавила дека сопругот користел и остар предмет.

– Дваесет и четиригодишна тетовка вчера во 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавила дека дваесетина минути пред тоа, во близина на угостителски објект во централното подрачје на Тетово, била физички нападната од нејзиниот 31-годишен сопруг. Според пријавеното, напаѓачот употребил и остар предмет. Набрзо, пријавениот сопруг лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок, соопштија од СВР Тетово.

Во истиот период вчера во СВР Тетово имало и пријава за физички напад меѓу соседи.

– Во 18 часот и 40 минути, А.Е.(39) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека во дворот на зградата во која живееле на улица „Благоја Тоска” во Тетово, неговиот татко Ц.Е.(71), по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од соседот Д.М.(37) од Тетово, информираат од СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот