Тестенини со димено месо

Profimedia

Состојки:

500 грама макарони

200 грама маринирани печурки

300 грама димено свинско месо

1/2 кесичка крем-супа од печурки

1 мала павлака

200 грама кашкавал

сол, масло за јадење, оригано

Подготовка:

Во тенџере ставете вода и сол и почекајте да зоврие. Откако водата ќе почне да врие, ставете ги макароните да се варат околу 5 минути.
Додека чекате да омекнат, во тавче ставете масло и во него пропржете ги заедно печурките и дименото свинско месо. Откако ќе заруменат, ставете ја павлаката и потребните зачини и  оставете ги заедно пет минути да се динстаат.
Кога макароните ќе се сварат, исцедете ги од водата и ставете ги во садот во кој планирате да ги печете.
На страна, во чаша, разматете ја смесата од крем-супата и додајте ја во макароните, потоа додајте ја и смесата со печурки и павлака. Убаво измешајте  и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 10 минути.
Пред крај, одозгора изрендајте кашкавал и вратете ги макароните да се допечат. Оставете ги во рерна само 1 до 2 минути, односно онолку време колку што е потребно за да се растопи кашкавалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот