Тешко повреден моторџија во сообраќајна несреќа во Визбегово

Фото: МИА

Во сообраќајна незгода која се случи вчера во Визбегово тешко повреден е моторџија од Скопје.

„На 21.09.2023 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(66) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот