Тешка животна приказна на НБА ѕвездата: Татко му го напушти уште кога се роди, мајка му на 13. години го исфрли од дома

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Екипата на Мајами хит мината сезона играше во големото НБА финале каде загуби од ЛА Лејкерс, а еден од најзаслужните за овој успех е Џими Батлер, кошаркарот кој имаше тешко детство.

Џими Батлер се смета за еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, кошаркар кој е голем работник на теренот но неговиот животен пат до најсилната лига на светот воопшто не беше лесен, напротив тој имаше тешко детство.

Џими е роден 1989 година во Томбал, град во близина на Хјустон. Тој никогаш не го запознал својот татко бидејќи го напуштил семејството кога Џими се родил. Од својата биолошка мајка се раздели на неговата 13. година, таа го исфрлила од домот бидејќи не му се допаѓал неговиот изглед.

Џими тогаш останал на улица без семејство, но неговите другари не го оставија да спие на отворено него. Дури три години додека учеше во средно училиште, неколку недели престојуваше кај еден пријател, па потоа неколку недели одеше кај друг, е додека не го запозна бруцошот Џордан Лесли. Тие се спријателија преку кошарката и Џордан му понуди на Џими Батлер да се пресели и да живее со него. Семејството на Џордан не било во добра финансиска состојба, имале седум деца и мајката Мишел Ламберт на почетокот не беше воодушевена што Џими дојде во нивниот дом. Сепак, неколку месеци подоцна, Мишел одлучи да го посвои Џими кој постојано се обидуваше да не претставува товар. Џими никогаш не јадеше во кујната заедно со останатите деца бидејќи не сакаше да се наметнува, и слободното време го користеше да игра кошарка.

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Неговиот тренер во средното училиште, Бред Бол, знаеше дека Џими има семејни проблеми но не можеше да претпостави каква е неговата приказна за тешкото детство.
– Од сите генерации кои сум ги тренирал, Џими беше кошаркарот кој највеќе време поминуваше со мене. Беше во салата секое утро и тоа пред тренинзите, често ме прашуваше дали смее да дојде во салата или во теретаната порано. Луѓето не го приметуваа, беше повлечен – зборува Бол.

По средното училиште, Џими Батлер се сели во Тексас јуниор универзитетот каде по две години беше забележан од сериозните универзитети по што одлучува да се пресели во Универзитетот Маркет каде го чекаше строгиот тренер Баз Вилијамс. На Џими не му беше лесно да се адаптира на новиот начин на живот, но со помош на новото семејство успеа да ги надмине сите проблеми и со одлични игри да го натера Чикаго булс во 2011 година да го избере како 30. пик на драфтот.

EPA-EFE/NUCCIO DINUZZO

Откако влезе во НБА лигата и стана славен, Џими Батлер не го заборави семејството кое го посвои и му даде нова шанса. Така Џими секое лето го поминуваше заедно со нив и ги следеше спортските активности на браќата и сестрите.
– Јас им бев поддршка на нив, но и тие на мене. Ги гледаа моите натпревари, а кога јас бев слободен, одев да ги следам нивните. Не ме интересираше дали треба да се јаде во тие моменти, доколку беше потребно останував цела ноќ и ги гледам. Тоа е моето семејство и секогаш ќе бидам покрај нив – вели Батлер за своето семејство.

Откако влезе во НБА лигата, Џими сите одлуки ги носи во договор со Мишел која постојано му зборува дека не смее премногу да им верува на луѓето.
Иако не влезе помпезно во НБА лигата, со голема пожртвуваност и работа, Џими Батлер успеа да стане еден од најдобрите кошаркари на светот и со Мајами ќе се обиде да дојде до тоа што не му успеа минатата сезона, да ја освои титулата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот