Тенисот на колена, нема да се игра ниту Мастерсот во Мадрид

epa07565562 Novak Djokovic of Serbia celebrates with his trophy after winning the final match against Stefanos Tsitsipas of Greece at the Mutua Madrid Open tennis tournament, in Madrid, Spain, 12 May 2019. EPA-EFE/KIKO HUESCA

Серијата откажувања на тениските турнири продолжува и најверојатно последна жртва е Мастерсот во Мадрид.

Веста за извесното откажување на Мастерсот во Мадрид ја објави Новак Ѓоковиќ, кој е на чело тна Советот на тенисери, пишува „Марка”.
Како што наведува „Марка“, Ѓоковиќ лошите вести им ги пренел на своите колеги за време на видео конференцијата.

Тој им соопштил дела сотојбата со пандемијата на коронавирусот во Шпанија се влошува и организаторот е приморан да ја прифати препораката на Владата и да го откаже турнирот. Официјалната објава дека турнирот во Мадрид нема да се одржи се очекува вечерва или во текот на утрешниот ден.

Шпанската влада најави дека и можно откажување на сите меѓународни спортски настани во септември.
Мастерсот во Мадрид требаше да се игра од 12. до 20. септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот