Тен Хаг: Не сме последни во групата поради поразот од Баерн

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, беше разочаран по поразот од Баерн Минхен, но се обиде објективно да го анализира разочарувачкиот настап на неговиот тим во групната фаза од Лигата на шампионите.

По поразот на „Олд Трафорд“ од Баерн (0:1), „црвените ѓаволи“ го освоија последното место во групата „А“ и ставија крај на европската приказна за оваа сезона. Секако поразителен податок за навивачите на славниот клуб кога се знае дека другите два клуба во групата беа Копенхаген и Галатасарај,

– Не испаднавме поради поразот од Баерн. Тоа е јасно. Не бевме толку лоши, но направивме грешки. Направивме индивидуални грешки. На крајот не беше доволно добро. Мислам дека не заслуживме да загубиме, но загубивме – рече Тен Хаг.

Стрелец на единствениот гол на Олд Трафорд беше Кингсли Коман во 71 минута по одличното проигрување на Хари Кејн.

– Не успеавме, но мораме да го прифатиме тоа. Мораме да учиме од тоа. Игравме добар фудбал во Лигата на шампионите. Сега треба да имаме добар настап во Премиер лигата. Сакаме да се вратиме во Лигата на шампионите следната сезона – вели холандскиот стратег.

Дополнителен проблем се повредите на Хари Мегваер и Лук Шо. Манчестер јунајтед доживеа три порази на последните четири мечеви во сите натпреварувања (Њукасл 0:1, Челси 2:1, Бурнмаут 0:3, Баерн 0:1). А во недела ќе гостува кај Ливерпул на „Енфилд“ каде минатата сезона беа поразени со нереални 0:7.

И уште еден податок, пред пет години, на 16 декември 2018 година, Жозе Мурињо доби отказ откако загуби со 1:3 од Ливерпул на „Енфилд“. Многу поголемо тренерско име од Ерик Тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот