Тен Хаг: Манчестер јунајтед покажа што може да направи кога сите фудбалери се подготвени

Менаџерот на Манчестер (Ј) Ерик тен Хаг го слави пехарот во ФА купот во Лондон/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека е горд и дека неговиот тим со освојувањето на англискиот ФА Куп против Манчестер сити покажа дека може да игра добро и да победи кога сите фудбалери се на располагање.

– Честитки за тимот. Видовте како можеме да играме кога ги имаме сите фудбалери во тимот. Некои од нив не беа ни подготвени за игра, но одиграа многу добро. Го велам ова цела година – кога играчите се подготвени, можеме да играме добар фудбал. Имаме навистина добра игра против против најдобриот тим во светот – изјави Тен Хаг по натпреварот, пренесе „Би-Би-Си“.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед на „Вембли“ го освоија 13 ФА Куп во клупската историја, откако во финалето го совладаа градскиот ривал, актуелниот шампион Манчестер сити со 2:1.

– Тоа е локално ривалство и многу е поважно кога играте против тим од вашиот роден град. Но, за нас не беше само тоа, туку беше да се докаже нешто по бројните неуспеси. Тимот покажа многу издржливост и јас сум горд – рече Тен Хаг.

Претходните денови медиумите шпекулираа дека Тен Хаг ќе добие отказ, а тој беше прашан за тоа.

– Не знам. Единственото нешто што го правам е да го подготвувам тимот, да го развијам. Тоа е проект за мене. Кога пристигнав, можам да кажам дека беше хаос. Во фудбалот сè е до освојувањето на трофеи. Сакам да играме најдобар фудбал, динамичен фудбал, напаѓачки, но морате да победувате и освојувате титули. Ова беше нашата можност и успеавме. Навистина сум многу горд на играчите – кажа Тен Хаг.

По овој трофеј Јунајтед следната сезона ќе игра во Лига Европа, а преку Премиер лигата не успеа да се избори за место во европските натпреварувања бидејќи го зазеде осмото место на табелата. Челси ќе игра во Конференциската лига каде што требаше да оди Њукасл кој остана без учество во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот