„Темплум“ ја објави книгата „Тешко ќе најдеш добар човек“ од Фланери O’Конор

Издавачката куќа „Темплум“ ја објави книгата „Тешко ќе најдеш добар човек“ од Фланери O’Конор. Станува збор за збирка раскази на една од најзначајните американски писателки и есеистки и прва книга од О’Конор преведена на македонски јазик. Преведувачка на расказите е познатата македонска писателка, професорка и активистка за женските права, Румена Бужаровска.

– Секоја реченица кај О’Конор е експлозивна и повеќезначна. Нејзиниот јазик живописно го отсликува говорот на американскиот Југ – оттаму и предизвиците при преводот. Тоа е така бидејќи и покрај тоа што нејзините приказни се универзални, нивниот идиом е локален, типичен за Југот на Америка – и токму тоа им ја дава нивната богата неповторлива обоеност.

Расказите коегзистираат во извонредна мешавина од комичното и сериозното, со што голем дел од ликовите и ситуациите наликуваат на гротески. Најголема заслуга за присуството на хуморот во нејзините дела е, секако, нејзиното извонредно чувство за деталите, како и сатиричната намера која е подлога на поголемиот дел од текстовите: неретко нејзината цел е да ја исмее неукоста, себељубието и себичноста на човекот – објаснува Бужаровска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 90, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 24-25 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот