Телефонски разговор меѓу Зеленски и Рохани: Иранскиот лидер се извинил за урнатиот украински авион

Зеленски на Рохани му соопштил дека инсистира Иран под итно да го заврши идентификувањето на телата на загинатите во инцидентот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани и се извинил на Украина за соборениот украински патнички авион во близина на Техеран, информира украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Двајцата претседатели имале телефонски разговор, соопшти прес службата на шефот на украинската држава.

„Рохани се извини за трагедијата, која однесе животи на 176 лица. Претседателот на Иран целосно признава дека до трагедијата дојде поради погрешни дејствија на војската во нивната земја”, се наведува во соопштението на украинското претседателство.

Зеленски на Рохани му соопштил дека инсистира Иран под итно да го заврши идентификувањето на телата на загинатите во инцидентот.

„За нас е исклучително важно следната недела, до 19 јануари,  телата на загинатите да бидат вратени во Украина, за да можат роднините да се збогуваат со нив”, подвлече украинскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот