Телефонски разговор Блинкен-Раб: Потврдени посебните односи помеѓу САД и Британија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб во првиот телефонски разговор ги потврдија посебните односи помеѓу САД и Велика Британија.

„Тие разговараа за претседателството на Велика Британија со Г7, мултилатералниот ангажман во борбата против климатските промени и пандемијата на Ковид-19″, соопшти Стејт департментот.

Блинкен и Раб ги истакнале надворешно-политичките приоритети на двете земји, кои ги вклучуваат односите со Кина, Иран и Русија.

Ентони Блинкен ја презеде функцијата во средата откако Сенатот го усвои предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, со 78 гласа „за” и 22 гласа „против”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот