Тедрос: Африка има лабораториски капацитети за тестирање на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Сите африкански земји имаат развиено лабораториски капацитети за тестирање на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејес и предупреди дека пандемијата забрзува.

За време на виртуелната конференција за развој на вакцина за Ковид-19 и нејзина достапност на африканскиот континент, Тедрос истакна дека за само една недела биле регистрирани еден милион случаи на коронавирус.

Тој додаде дека во моментов се работи на повеќе од 220 „кандидати за вакцина” и повика вакцината да биде „достапна и развиена во обем без преседан”.

Шефот на африканскиот Центар за контрола на болести, Џон Нкенгасонг ги повика земјите да обезбедат доволно резерви на вакцината со цел да се избегне Африка да биде изоставена.

– Ако сега не дејствуваме, Африка е во ризик да биде изоставена во глобалната трка за вакцина, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот