Течат преговорите за Влада зад затворени врати

Не е проблем премиер Албанец, туку локалните избори догодина. Доколу Заев се сложи со барањето на ДУИ Албанец да биде една година од 4 годишното владеење, во СДСМ се стравува дека ќе ги изгубат локланите избори.

И денеска нема договор меѓу СДСМ и ДУИ. Лидерот на социјалдемокатите Зоран Заев во тесно.

Довчерашниот коалициски партнер лидерот на интегративците Али Ахмети бара една година премиер да биде Албанец. Нашите извори велат дека пресметките на преговарачкиот тим на СДСМ се дека доколу сега Заев се  сложи со барањето на Амети, на локланите избори догодина ќе доживеат дебакл. Нема да освојат ниту една општина бидејќи според нивни сознанија поголемиот број на граѓани Македонци му биле лути на првиот социјалдемкрат бидејќи дозволил да биде уценуван од Ахмети. Посочуваат дека лидерот на СДСМ треба да направи се за ДУИ да стане опозиција бидејќи само така кај граѓантие ќе ја делигитимира партијата на Ахмети. Нашите извори кои се добри познавачи на приликите во албанскиот табор, велат дека доколку ДУИ биде само пет дена во опозиција Албанците ќе и свртат грб. Излезот од сегашната ситуација, нашите извори во албанскиот политички блок го гледаат во широка коалиција, која би функцинирала до локалнте избори.

А како се ситни рокот за состав на нова влада, така шпекулациите стануваат се побројни и погласни. Од преговарачки табора кратко посочуваат дека течат преговорите.

СДСМ преку кратко соопштение информираат дека во тек е процес на создавање нова Влада ослободена од каков било вид на национализам, која ќе го унапредува концептот едно општество за сите.

-Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор. Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата.

Денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција потврди дека се сретнал со Ахмети кој го информирал оти ДУИ почнала преговори со СДСМ за формирање на нова Влада со изговор дека тоа е партијата што победила во македонскиот блок. Мицкоски смета дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите.

– ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во рамките на Парламентот по неговата верификација на мандатите на пратеници има 40 на број, а СДСМ има 32. Коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има 44, а коалицијата која ја предводи СДСМ има 42 – рече Мицкоски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара од позиција на диктати и условувања туку врз основа на програма. За евентуални нови парламентарни избори наесен, Мицкоски рече дека се уште постојат можности за формирање влада.

– Не се сите можности исцрпени, мислам дека се уште постојат можности за формирање политичка влада, доколку и тие се исцрпат, тогаш може да зборуваме за нови избори, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот