Тажното мајмунче Лука од битолска зоолошка се врати во Скопје ЗОО

Завршија тажните денови на мајмунчето Лука. Тоа е повторно во скопската Зоолошка градина. Лука престојуваше во Зоолошката во Битола, но откако се појавија фотографиии во какви услови е сместен, одлучено било се врати во Скопје.

Мајмунчето Лука било напуштено од неговата мајка, по што чуварите од Зоолошката градина во Скопје го земале на чување, се до денот кога Лука бил однесен во битолската зоолошка градина.

Лука, за да не биде сам, во Скопје е вратен заедно со неговата другарка од Битола. Живеалиштето на двете мајмунчиња им било дезинфицирано и подготвено за престој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот