Таткото на Вања останува во „Шутка“, судот го одби барањето за куќен притвор

Родителите на Вања / Фото Колаж на СП

Александар Ѓорчевски, таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше брутално убиена, останува во притвор. Кривичниот суд го одби барањето на неговиот адвокат Александар да биде пуштен во домашен притвор.

Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од Кривичниот Законик, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот
П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива, информираа од Кривичниот суд.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

ВИДЕО | Срѓан Ного: Таткото на Вања имал станови вредни половина милион евра, не пиел, не се коцкал а дрога не користел 30 години

ВИДЕО | Српскиот политичар Срѓан Ного тврди дека таткото на Вања, а не полицијата – ги поврзал снимките за киднапирањето и дека е наместен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот