Александар Тасевски - претседател на синдикат на контролори на летање/ Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Тасевски: Во М-НАВ се работи со опрема од 1999-та, може да ни се случи „Кочани 2“

„Граѓаните нека се запрашаат во 1999-та година каков компјутер или мобилен телефон имале дома и нека се запрашаат какви имаат сега. Ние работиме со истата опрема од 1999“, рече претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски во гостувањето на „24 Анализа“, и предупреди дека доколку не се коригираат многубројните проблеми во контролата на летање може да се случи „Кочани 2“.

-Жално е, не сакам да го споменувам Кочани, голема трагедија е, многу лоши последици, луѓето почувствуваа на своја кожа. Кај нас се случуваат лоши работи и со таа застарена опрема и со селектирањето на квалитетот во контролата на летање… Работата е отежната и не се работи како што треба. Треба да пружиме многу квалитетна услуга, а ни се кратат сите шанси и можности за да го сработиме како што треба затоа што некој не сака да постави вистински луѓе и да ни даде одврзани раце. Сите гледаат нечиј личен интерес… Граѓаните нека се запрашаат во 1999 година каков компјутер или мобилен телефон имале дома и нека се запрашаат какви имаат сега. Ние работиме со истата опрема од 1999. Само за споредба, нашите соседи Србија и Албанија сменија по 3-4 системи во меѓувреме – рече Тасевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот