Таравари: Уште сега се знае кој може да биде премиер, Мицкоски или Заев

Потенцираше дека изборите се голем ризик за ширење на вирусот, но во кампањата максимално ќе ги применуваат мерките за заштита.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека идејата за премиер Албанец на ДУИ е само алиби за поразот кој ДУИ ќе го доживее.

Потенцираше дека изборите се голем ризик за ширење на вирусот, но во кампањата максимално ќе ги применуваат мерките за заштита.

-Знаете што ќе се случеше ако ситуацијата во Гостивар со коронавирусот беше лоша како во Тетово? Ахмети и Османи ќе ме обесеа на плоштад. До таму се тие спремни. Знаете каква негативна кампања ќе напрвеа? Ние не се согласуваме со господинот Ахмети затоа што со ниеден закон не е забрането Албанец да биде министер за внатрешни, министер за финансии, премиер… Зошто тогаш го збориме ова? Оваа демагогија, е кога се спрема да оди во опозиција. Првата вечер кога ќе бидат во опозиција ќе речат прифаќаме само да биде Албанец премиер, и затоа не влегуваме во Влада. А, всушност затоа што изгубиле. Уште сега се знае кој може да биде премиер Мицкоски или Заев. Јас не сум против Албанец да биде, ама ајде Ахмети нека ми даде математика како ќе стигнеме до тоа. Еве и сите албански партии да бидеме заедно, што ќе правиме со 30 пратеници? До 61 како ќе стигнеме? Ахмети ни ја понижува интелегенцијата, вели Таравари.

На 24 јуни Алијансата ќе го има првиот собир, рече Таравари, со максимум 500 луѓе со максимално применување на мерките за заштита, маски и дистанца.

-Веќе им пишуваме пораки на луѓето секој град да не носи повеќе од 20 луѓе. Казните треба да бидат беспрекорни за сите партии – вели Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот